Салата „Парк“ и Струмица ќе бидат домаќини на завршницата на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Денеска на програмата се двете полуфинални средби кај мажите, а таму меѓусебе ќе играат екипите од водечката четворка во првенството.
Бранителот на трофејот во Купот, Вардар, исто како лани ќе се соочи со „сино-белите“ од Автокоманда, додека шампионот Еурофарм Пелистер за ривал ќе го има Охрид.
Дали ќе има реприза на финалето од минатата сезона или Охрид и тимот на Кирил Лазаров ќе се погрижат тој факт да се промени, останува да видиме вечерва околу 22:00 часот.
Покрај натпреварите во Купот, денеска се играат две средби од прволигашката конкуренција. Јехона ќе гостува во Автокоманда, додека Шампион оди на гостување во Свети Николе кај Овче Поле.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
20:00 АЛКАЛОИД – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
20:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)


























