Michael DAMGAARD NIELSEN and Max DARJ, Denmark vs Sweden, Men's EHF EURO 2024 Germany, Hamburg, Germany, 19.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

ДЕНЕСКА НА ЕП: Две полуфинални средби и меч за петто место!

На денешната програма на Европското првенство 2024 ќе се одиграат двата полуфинални дуели, како и натпреварот за петто место.

Најпрво, со почеток од 15:00 часот ќе се судрат репрезентациите на Унгарија и Словенија.

Овие две репрезентации, кои имаа забележителен настап во групната фаза на Европското првенство, ќе се борат за 5. позиција на континенталниот собир.

Унгарија доколку го освои петтото место, тогаш ќе го направи најголемиот успех на Европските првенства.

Актуелниот бранител на титулата од претходното ЕП, репрезентацијата на Шведска, за ривал во полуфиналето ја има Франција.

Второто полуфинале, кое ќе започне со почеток од 20:30 часот, го сочинуваат Германија и светскиот првак Данска.

По денешните одиграни натпревари ќе следува ден одмор, а в недела се завршните натпревари на ЕП.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

15:00 УНГАРИЈА – СЛОВЕНИЈА

17:45 ФРАНЦИЈА – ШВЕДСКА

20:30 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА