Дебитираше со победа, но сега не може да го води тимот

Ракометарите на Загреб ги очекува нов дуел во Лигата на шампионите, а во „Арена“ ќе гостува полскиот првак Келце.

На овој дуел, Загреб ќе биде без тренерот Ненад Шоштариќ, кој има проблеми со грбот и следните десетина дена ќе биде на терапија.

„Тренерот Ненад има проблеми со грбот и по преглед кај специјалист е донесена одлука следните десет дена да ги помине на терапија. Целта на терапијата е да се види дали операцијата може да се избегне. Додека немаме повеќе информации од докторот, на сила е „статус кво“. До неговото враќање тука е Андрија Николиќ, кој веќе има искуство со тимот во овие ситуации и докажа дека може да го води тимот“, изјави спортскиот директор Дамир Бичаниќ.

Шоштариќ дебитираше на клупата на Загреб на натпреварот со Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а дали без него хрватскиот тим може да ја продолжи низата останува да видиме.