Дамјановска: Се боревме, но среќата ги посака гостинките!

Македонија по вторпат загуби од Полска во бараж двомечот за пласман на СП 2025, овојпат во Битола со 23-21.

Најефикасна во редовите на македонската репрезентација беше кружниот напаѓач Катерина Дамјановска, која истакна дека гостинките имале повеќе среќа.

,,Тешка беше борбата на шест метри и доста беа агресивни гостинките. Искрено, имавме сите голема желба на првиот и на денешниот натпревар, таму мислам дека пресудија неколку технички грешки, но бевме сигурно во себе и се боревме, поради тоа беше и таквиот резултат, не се откажавме до последната секунда, додека денес нив малку среќата ги посака, сите одбиение топки беа во нивни раце, мислам дека тоа денеска пресуди”, изјави Дамјановска.

Следен предизвик за Македонија ќе бидат квалификациите за ЕП 2026 против Германија, Словенија и Белгија.

 

Ристовска: Полска беше ‘печена’ да падне во Битола, но не погодувавме кога најмногу требаше!

Грчевски: Скапо ја „продадовме“ кожата, игравме со ТОП 10 селекција во Европа!

 

Македонија вторпат загуби од Полска и го заврши сонот за СП