SF1 - France vs Croatia, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Zagreb, Croatia, 30.01.2025, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Може ли Хрватска да ја симне Данска од светскиот трон?

Денеска на Светското првенство 2025 е финалниот ден, по што ќе биде познато дали Данска ќе остане на светскиот трон.

Данците за ривал во финалето ја имаат репрезентацијата на Хрватска, која во полуфиналето ја елиминираше Франција.

Хрватите последен пат на Мундијалите играа финале во 2009, тогаш завршија како втори, па така избраниците на Дагур Сигурдсон ќе влезат со голема мотивација за освојување на златото.

Гидсел и колегите влегуваат како фаворити во денешното финале со „коцкестите“ кои по пет години чекање имаат медал во своите раце.

Финалето меѓу Хрватска и Данска е на програмата од 18:00 часот, додека од 15:00 часот ќе играат Франција и Португалија за бронзата.