Женската репрезентација на Македонија пред бараж двомечот со Полска ќе има две силни проверки.
Македонија на двапати ќе тестира со репрезентацијата на Србија, која во својот ростер има неколку повратнички.
Новиот селектор на Србија, Бен Дал, го објави поширокиот список за ЕХФ неделата, па најверојатно против нашата репрезентација ќе настапи со силен состав.
На списокот кај Дал ги има повратничките – Андреа Лекиќ, Катарина Томашевиќ, Драгана Цвијиќ и Катарина Кржеж Шлезак.
Македонија на 9 април гостува кај Полска, додека во Битола ќе ја пречека незгодната селекција на 12 април во реваншот од баражот за СП 2025.