Цветаноски: Имаме голем мотив за победа против дебитантот

Ракометарите на Прилеп во рамки од 12. коло во Супер лигата на свој терен ќе го пречекаат дебитантот од Автокоманда.

Прилепчани во утрешниот дуел ќе се обидат да излезат од резултатската криза и ќе атакуваат на трета сезонска победа.

Тимот на Иван Марковски на првиот дуел против Прилеп триумфираше со 31:30 и сигурно ќе сака повторување на играта од првата меѓусебна пресметка.

Ракометарот на Прилеп, Никола Цветаноски, ги истакна своите очекувања за дуелот.

„Имавме доволно време овие десет дена да се средиме психолошки, а и тактички да го анализираме противникот. Напорно тренираме и имаме голем мотив за победа и доколку победиме, ќе имаме шанса да пренесиме што е можно повеќе бодови во плеј-аутот. Во секој поглед, максимално сме подготвени и одиме на победа”, изјави Цветаноски.

Левиот бек се надева на победа и на освојување на три бода во дуелот со тимот од Автокоманда.

„Мулти Есенс е млада и подготвена екипа, играат брз ракомет и се надевам дека ќе успееме со добра одбрана и внимателност во нападот да дојдеме до победа и да се реваншираме за поразот од Скопје. Можевме да се бориме и за подобра позиција, но на неколку натпревари среќата не беше на наша страна”, вели Цветаноски.

Стружанецот повторно очекува исполнети трибини и голема поддршка од публиката.

„Имаме голема поддршка од нашите навивачи на секој натпревар и заслужуваат со победа да им се оддолжиме на најдобар можен начин. Со нашата борбеност како екипа и атмосферата во тимот, сигурен сум во поволен резултат. Се надевам дека салата повторно ќе биде исполнета до последно место, а публиката ќе биде нашиот осми играч”, заврши Цветаноски.

Дуелот меѓу Прилеп и Мулти Есенс ќе се одигра в сабота (25 ноември) во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески-Ричко” со почеток од 18:30 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126