ЦСКА го освои Купот на Русија – Шишкарјов МВП, историја за Слован, Крим до рекорден 29. трофеј…

Тимот на ЦСКА Москва го освои трофејот во Купот на Русија, откако среде Санкт Петербург го совлада Зенит со убедливи 35-24. Најдобар на теренот беше голманот на ЦСКА, Вадим Боггданов, кој забележа 14 одбрани, додека најдобар стрелец беше Белевцов со седум гол.

Некогашниот играч на Вардар, Данил Шишкарјов даде шест погодоци во убедливата победа на ЦСКА, додека кај Зенит, расположен за игра беше само Луња, кој погоди осум пат. Екс десното крило на Вардар беше МВП на завршниот турнир. Во битката за третото место СКИФ Краснодар ги победи Чеховски Медведи со 28-27.

Во Белорусија се играше завршницата во женскиот Куп, каде што триумфираше БНТУ БелАЗ, кој славеше против Гомел со 32-25.

Во финалето на Купот на Словенија кај дамите, Крим стигна до 29. трофеј, откако беше подобар од Ајдовшчина со 36-24.

Aна Грос имаше осум погодоци на финалниот меч, додека шест пати погоди Ана Абина, која беше прогласена за МВП на завршниот турнир во Љубљана. По пет беа прецизни Татјана Брновиќ и Јованка Радичевиќ.

Во досешганите 32 изданија на Купот на Словенија (две не се играа поради корона), 29 трофеи има Крим, две има Олимпија Љубљана и една има Ајдовшчина.

Во машкото финале на Купот на Словенија, историја испиша амбициозниот состав на Слован Љубљана, кој освои прв трофеј. Избраниците на Урош Зорман ја совладаа екипата на Мирко Скоко со 33-27.