Црногорскиот селектор го соопшти списокот за пријателските дуели со Македонија

Кадетската машка репрезентација на Црна Гора за време на ЕХФ неделата ќе одигра два пријателски натпревари против кадетите на Македонија.

Селекторот на Црна Гора, Филип Поповиќ, го објави списокот на играчи за „контролките“ со „црвено-жолтите“.

На списокот на Божовиќ партиципираат 26 играчи, од нив пет се голмани, шест крила, 11 бекови и четири пивоти, па за очекување е сите да добијат шанса.

Контролните натпревари меѓу Црна Гора и Македонија ќе се одиграат на 14 и 15 март во Подгорица.

Црна Гора ќе биде организатор на Европското кадетско првенство, кое ќе се одржува во периодот од 7 до 18 август претстојното лето.

Танески соопшти список – еве кои 21 ракометар ќе играат против Црна Гора