Црногорска репрезентативка ќе паузира од ракометот

Црногорската репрезентативка Ема Аливодиќ донесе решение да ја прекине ракометната кариера на неодредено време.

Последен клуб на 27-годишната Црногорка беше романскиот првак ЧСМ Букурешт, а претходно играше за Будуќност.

„Ракометот не ми здосади, но во некој момент почувствував презаситеност. Се случија многу настани. Беше сложено, но јас го донесов ова решение уште многу пред да заврши минатата сезона. Сакам да бидам малку дома, ми недостигаа моето семејство и пријателите. Имав понуди за продолжување на кариерата, но не ги разгледував. По одморот, веројатно, ќе му се вратам на ракометот“, вели Аливодиќ.

Со Будуќност стана европски првак во 2015 година, а со репрезентацијата на Црна Гора го освои бронзениот медал на ЕП 2022 година.