На преостанатите три денешни квалификациски натпревари за пласман на ОИ, победа остварија репрезентациите на Црна Гора, Шпанија и Холандија.
Репрезентацијата на Црна Гора потешко од очекуваното славеше над Парагвај со пет гола разлика. 30:25 (17:12).
Јужноамериканската селекција се покажа како незгоден ривал, а составот на Бојана Поповиќ победата ја обезбеди во самиот финиш со серија на неколку погодоци.
Победничката репрезентација беше предводена од Дијана Мугоша, која имаше девет погодоци од 11 обиди.
Кај Парагвај, предводникот на стрелците Мора Фернанда, исто така имаше девет реализаици.
Шпанија и Холандија имаа победнички старт, откако одиграа рутински против Чешка, односно Аргентина.
Избраничките на Амброш ја совладаа Чешка со 31:21, додека Холандија против Аргентина славеше со 34:22.
Унгарија, Германија и Шведска со победнички старт на квалификациите за ОИ