Црна Гора ужива голема доверба кај ЕХФ – ќе биде домаќин на две ЕП за два месеци!

Европската ракометна федерација за првпат во историјата додели организација на две младински првенства во иста година на една иста држава.

Црна Гора ќе биде домаќин на женското кадетско и младинско Европско првенство што ќе се играат следното лето.

Младинското ЕП ќе биде на програмата од 9 до 20 јули, додека кадетското ЕП ќе се игра од 30 јули до 10 август следната година.

Во 2025 за првпат на женските кадетски и младински ЕП ќе играат по 24 репрезентации, а тоа ова лето ќе биде случај и во машка конкуренција.

Младинките на Македонија имаат директно место на ЕП, а исто така и кадетките ќе бидат дел од континенталниот собир без квалификации.