Циркус во Романија: Пасквал поднел оставка, од федерацијата тврдат дека се уште е селектор

Романија по скоро три децении се врати на европските шампионати, но во конкуренција на Шпанија, Хрватска и Австрија, немаше што да бара, па заврши на 22 позиција на континетналниот собир.

Според романскиот „Фанатик“, селекторот Чави Пасквал поднел оставка на позицијата, но тој ниту потврдил, ниту ја демантирал оваа информација.

Низ другите романски медиуми, претседателот на федерацијата, Константин Дин, објави дека само генералниот секретар на федерацијата си поднел оставка, додека ситуацијата со Пасквал не е „расчистена“.

Дин за „Про Спорт“ најави дека ќе има прес-конференција на која ќе ги откријат сите детали. Според романските стручњаци, Пасквал сака да си оди од селекторската позиција бидејќи не сака да си ја „расипе“ биографијата со слабите резултати.

Заминувањето или останувањето на селекторската функција на романската клупа не би требало да има конекција со клупата на Динамо Букурешт, со кој Пасквал има договор до 2027 година. Сепак, кога се работи за Романците се е можно.