Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува Мартин Поповски, успешно го мина Сент Гален во четвртфиналето од плеј-оф фазата во шампионатот на Швајцарија.
Амичитија Цирих ја доби четвртфиналната серија против Сент Гален со 3:0 и заслужено се пласира меѓу најдобрите четири екипи.
Тимот на Поповски на првиот натпревар обезбеди триумф од 33:25, на вториот дојде до триумф од 34:26, додека на мајсторката победи со 39:36.
На денешниот одигран натпревар Поповски во дадената минутажа имаше два погодоци во мрежата на гостите.