Цикатиќ се врати дома, ќе игра за амбициозниот Чаковец

Кружниот напаѓач Кајо Цикатиќ, откако не успеа да се вклопи во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, се враќа во својата татковина.

Хрватот во вториот дел од тековната сезона ќе го носи дресот на амбициозниот тим Чаковец, кој посакува подобри резултати во иднина, но и излез на европска сцена во следната сезона.

Цикатиќ во Битола пристигна на стартот на оваа сезона и во битолскиот клуб го имаше првиот интернационален предизвик во својата кариера.

Македонскиот шампион и 25-годишниот ракометар пред извесен период одлучија спогодбено да ја прекинат соработката и секој да си продолжи по својот пат.