Словенечкиот шампион Целје, кој од клупата е предводен од екс ракометарот на Вардар, Алем Тоскиќ, до крајот на сезоната ќе биде посилен со уште еден кружен напаѓач.
Довчерашниот член на Копер, Рок Мариќ, ќе ја зголеми конкуренцијата на пикерската позиција во тимот на Тоскиќ и ќе се обиде да му помогне на Целје да ги оствари зацртани цели за оваа сезона.
27-годишниот Мариќ ќе биде замена за Амир Муховиќ, ракометар кој беше пратен на позајмица во босанскиот Борац.
Во тимот на Целје на позицијата кружен напаѓач настапуваат уште Леон Грегориќ, Стефан Жабиќ и Жан Лесјак.
Мариќ и раководството на Целје се договорија на соработката до крајот на сезона 2023/24.
Целје не го стартуваше најдобро домашниот шампионат и по осум одиграни натпревари се наоѓа на 3. позиција.
Ракометарите на Тоскиќ во Лигата на шампионите на шест одиграни дуели не успеаја да освојат ни бод.