Чудо во Велес – Прилеп се врати од минус десет, но на крај испушти победа!

Тимот на Борец ФЛ во драматичен натпревар ремизираше со составот на Прилеп, 38-38, иако домаќините можат да жалат што испуштија десет гола предност, а гостите можат да жалат бидејќи промашија во последната секунда чист зицер, односно голманот Ѓурѓевиќ го одбрани шутот на Шабановиќ.

Велешани го надиграа ривалот во второто полувреме и беа на добар пат кон два бода, водеа десет разлика, но скапо ги чинеше прераното опуштање домаќините и Прилеп на крајот се радуваше на голем бод, што може да им биде многу значаен во битката за првата позиција пред стартот на плеј-аутот.

Се играше гол за гол до 8-8, а потоа домаќинот преку Цвитановиќ и Димов поведе со плус два, 10-8. На двете страни се постигнуваа лесни погодоци, а велешани полека со подршка од голманот Ѓурѓевиќ ја градеа предноста. На паузата беше 23-20.

Клучниот период беше кон средината на вториот дел. По 25-22, прилепчани не постигнаа погодок седум минути, а избраниците на Владимир Глигоров ги казнуваа сите грешки и се одлепија на плус седум, 29-22.

Новиот тренер на прилепчани, Страшо Илиески кој го замени Божидар Мојсов, се обиде со тајм-аут да ги смири своите избраници, но наместо да заиграат подобро, работите одеа на полошо и Борец ФЛ на десетина минути до крајот имаше десет гола разлика, 34-24.

Сепак домашните се опуштија, на терен влезе втората постава, а прилепчани заиграа посериозно, со пресинг успеаја да пресечат неколку напади, погодуваа во серија и намалија на минус еден на 90 секунди до крајот, 37-36.

Димитров погоди по долга пауза за домаќините за плус два, но следуваа две грешки на велешани, Прилеп погоди за реми, 38-38, а имаше и напад во последната секунда, но зицерот на Шабановиќ го одбрани Ѓурѓевиќ.

Најдобри стрелци кај победникот беа Гуедеш со девет и Миланов со шест гола, додека кај Прилеп по седум погодоци имаа Цветаноски, Илиески и Шабановиќ. Во последното коло прилепчани ќе го пречекаат шампионот Еурофарм Пелистер, додека Борец ФЛ оди на гостување кај Тиквеш во Кавадарци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186