Машката сениорска репрезентација на Германија на Европското првенство, на кое беше организатор, имаше амбиции да игра во финале, но на крај остана без медал.
Избраниците на Алфред Гисласон настапот на континенталниот собир го завршија на 4. позиција.
Еден од ракометните легенди на Германија, Хајнер Бранд, кој ја водеше германската репрезентација од 1997 до 2011 година, го даде своето мислење за настапот на „панцирите“
„Составот е многу млад, има потенцијал. Во однос на старосната структура имаме одлична ситуација со многу млади играчи. Но, тоа го имавме и во 2016 година, со Фабијан Виде, Пол Друкс, Јулиус Кун…сите тогаш имаа 21 година. И по златото на ЕП сите мислеа дека така ќе продолжи во следните неколку години. Но, ништо не се случи. Успехот не е сигурен. За во иднина повторно да освојуваме медали треба да работиме пред се на офанзивната игра. Наш проблем е нападот, ние имаме свои опции и ни треба јасен пристап кон играта. Данците се спасија само преку играта „седум на шест“, инаку со „шест на шест“ немаа шанси против нас. Четвртото место одговара на моменталното ниво на селекцијата во ракометната елита”, напиша Бранд во својата колумна за „Спортбазер“.
Германија бидејќи не ја освои бронзата, преку квалификации ќе брка пласман на Олимписките игри во Париз.