Чаневски со одлични партии на стартот на сезоната во Израел

Најдобриот голман во израелскиот шампионат за минатата сезона, Градимир Чаневски, продолжи со одлични партии и на стартот на новата сезона.

Неговиот тим Макаби Ришон Ле Зион, во првото коло славеше над Хапоел Рамат Ган со 34-26, а Чаневски имаше 11 одбрани за четириесетина минути на теренот.

Вториот натпревар Макаби Ришон го играше на гостински терен кај големиот ривал Хапоел Ришон Ле Зион и победи со 39-26.

Македонскиот голман и на овој натпревар на кој го бранеше целиот прв дел беше одличен и собра 12 одбрани.