Македонскиот вицепрвак Чаир ги промовираше првите засилувања за претстојната сезона во која ќе игра на повеќе фронтови.
Тимот на Басри Љатифи ги донесе кружниот напаѓач Михаела Велјаноска и средниот бек Стефани Ристиќ.
Велјаноска долго време го носеше дресот на Вардар, додека Ристиќ доаѓа од Атлетик, а претходно играше за Металург Автокоманда и Скопје.
Чаир ќе биде дел од домашното првенство, а не меѓународна сцена ќе игра во европските купови и во регионалната лига.























