Тимот на Бутел Скопје продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредната сезона во која влегува со амбициите за најмалку истиот резултат од минатата сезона кога заврши веднаш зад големата четворка.
Нови имиња во тимот на Бутел Скопје се двајцата 19-годишни ракометари кои настапуваат на бековските позиции – Андреј Ѓорѓески и Тодор Аксентиев.
Ѓорѓески е лев бек и доаѓа од екипата на Алкалоид, додека Аксентиев кој има репрезентативно искуство во младинските категории е десен бек и доаѓа од составот на Мулти Есенс.
Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче Стоилов на кормилото, а досега ги потврдија ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски.
Десното крило Бојан Спасовски го продолжи договорот, а истото го направија левиот бек Теодор Тодески и кружниот напаѓач Дејан Михајловиќ, како и двајцата младински репрезентативци Марко Каевски и Давид Јаневски.
Клубот се раздели со браќата Узунчеви, голманите Стојаноски и Трајкоски, како и Киселовски, Шилегов, Ѓурмешевиќ и Новаковски.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























