Тимот на Бутел Скопје се договори за продолжување на соработката со еден од најдобрите стрелци во младинското првенство, Петар Цветковски.
Средниот бек, кој сезонава добива шанса за настап и во сениорската екипа, потпиша нов договор со суперлигашот.
Цветковски според новиот договор ќе остане во тимот предводен од Горан Кузманоски најмалку до 2026 година.
На средната бековска позиција, Бутел Скопје ги има на располагање и Димитар Ѓеоргиевски и Стефан Крстевски.
Бутелци во регуларниот дел од сезоната заврши на третото место во групата со Вардар и Еурофарм Пелистер и ќе пренесе еден бод во разигрувањето за титулата напролет.