Бундес ли е, македонска Прва лига ли е – во Велес паднаа 92 гола!

Тимот на Јехона имаше победнички крај на годината и со триумф во Велес кај Борец 54-38 го прослави од претходно обезбедениот пласман во плеј-оф.

На овој натпревар паднаа 92 гола, практично се играше без одбрани, а тројца од ракометарите на двете екипи беа двоцифрени.

На полувремето гостите од Гостивар водеа со 22-20, а во вториот дел паднаа уште повеќе голови.

Просечно паѓаше по еден погодок на секои четириесетина секунди во салата „Гемиџии“ во Велес, па за момент ќе се прашате дали ова беше натпревар од Бундес лигата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Дамјан Наумовски со 17 гола и Ерлис Селмани со 11, додека кај Борец се истакна Душан Крстевски со 17 погодоци.