Будуќност го враќа стариот сјај – камбек и на Јaуковиќ!

Црногорскиот шампион Будуќност во следната сезона ќе биде посилен со репрезентативката Ѓурѓина Јауковиќ, која од сезона 2020/21 настапува за Брест Бретањ.

Левиот бек токму од Будуќност се пресели во Франција и во Брест Бретањ го имаше првото интернационално искуство. Будуќност и Јауковиќ се договорија на едногодишна соработка.

26-годишната ракометарка моментално се опоравува од тешката повреда, откако во месец октомври ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и најверојатно ќе го пропушти Мундијалот во Данска, Шведска и Норвешка.

Јауковиќ е втора повратничка во редовите на најтрофејниот црногорски клуб. Пред извесен период во клубот предводен од Бојана Поповиќ се врати Јелена Деспотовиќ. Двете ракометарки беа дел и од некогашниот вицепрвак на Црна Гора, Даниловград, кој се натпреваруваше во регионалната лига.

Од раководството на клубот известија дека во тек се преговори и со уште неколку помлади играчи од актуелниот тим на Будуќност, како и со помлади играчи од Рудар, што е потврда дека новата клупска управа сака да го врати Будуќност на врвот на европскиот ракомет, потпирајќи се на домашен кадар.