Будуќност на Ристовски есенски првак во Црна Гора

Екипата на Будуќност, во која настапува Борис Ристовски, првиот дел од сезоната во домашниот шампионат го заврши на првото место.

Будуќност во последното коло за оваа година славеше над Рудар со 29:24 остварувајќи ја 8-та сезонска победа.

Тимот на Ристовски на девет одиграни натпревари доживеа само еден пораз, оној од Беране.

На табелата Будуќност има 16 бода, толку има и Ловќен, но поради победата на клубот од Подгорица на Цетиње од 28:24, подгоричкиот клуб, моментално, е лидер во тамошниот шампионат.

Натпреварите во Црна Гора ќе продолжат дури во месец март, а последното коло ќе биде на стартот од месец мај.