Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите во третата рунда на Европскиот Куп.
Методија и Михајло Илиевски ќе имаат нова задача во ова натпреварување, откако одработија одлични натпревари во претходното коло.
Битолчаните ќе му судат на актуелниот освојувач на трофејот во Европскиот Куп, Коњалти Анталија, каде што играат трио македонски репрезентативки – Килдан Јанеска, Гакидова и Ѓорѓиевска.
Натпреварот меѓу Коњалти и шпанскиот Гранољерс се игра во Анталија на 12 ноември од 13:00 часот.