Божиноска: Треба да одиме чекор по чекор, посакуваме четвртфинале

Екипата на Ѓорче Петров обезбеди пласман во осминафиналето од Европскиот Куп, откако и на реванш средбата против Ојпен триумфираше со 48:36.

Ѓорчепетровки на првиот дуел, кој беше одигран на гостински терен, триумфираа со 45:29.

Ракометарката на Ѓорче Петров, Ива Божиноска, истакна дека нејзиниот тим потфрлил во одбраната, но затоа одиграл одлично во нападот.

,,Најпрво сакам да им честитам на гостинките за добрата игра, играа брз европски ракомет, ние не сме навикнати на ваков динамичен ракомет со многу голови, но физички сме подготвени, имавме добро организиран напад и малку кикснавме во одбраната. После првиот натпревар го анализиравме одиграниот меч, но мислам дека зацртаното не го спроведовме на овој натпревар, сепак, верувавме во себе и дојдовме до победа. Во одбраната не бевме доволно фокусирани и поради тоа примивме доста голови од девет метри. Мислам дека треба да одиме чекор по чекор, следно е четвртфиналето, посакуваме добра игра и понатамошен пласман”, изјави Божиноска.

Ѓорче Петров во вторник ќе го дознае ривалот во четвртфиналето во Европскиот Куп.

Симовски: Ќе уживаме два дена до ждрепката, а потоа ќе анализираме

Ѓорче Петров слави осминафинале во Европа, со 48 гола го испрати Ојпен