По натпреварите со Словенија, Франција и Шведска, машката кадетска репрезентација на Македонија ќе го почне разигрувањето за пласман на Европското првенство во Србија, кое носи место на СП 2027, но и на младинското ЕП 2028.
Следуваат битки против Италија и Турција, а со две победи, доколку и Шведска слави над истите ривали, Македонија ќе биде втора во групата.
Селекторот Горан Кузманоски за овој меч се реши да го врати пикерот Ѓорѓи Лешникоски, a од оние што играа против Шведска, во ростерот не е десното крило Андреј Георгиев.
Ако биде најдобра втора од трите групи кои разигруваат за пласман, тогаш Македонија ќе обезбеди место на младинското ЕП 2028, а ќе биде во игра и за СП 2027.
Во моментов на табелата во групата 1, Италија и Шведска имаат по два бода, додека Македонија и Турција се без бодови. Мечот меѓу Македонија и Италија се игра денеска со почеток од 14:30 часот во салата „Пионир“.

























