Македонската кадетска репрезентација на Македонија ја запиша првата победа на Европското првенство во Србија, откако славеше против Италија со 33-23.
Победата беше најавена по првото полувреме, кога избраниците на Горан Кузманоски имаа плус четири, 17-13, а во вториот дел само рутински ја одработија задачата и се радуваа првпат во Белград. Голманот Николовски запиша 14 интервенции и беше предводникот. Оваа победа практично ни го гарантира второто место во групата, ако ја совладаме Турција во утрешниот меч, а Италија загуби од Шведска.
Тоа значи дека во зависност од другите резултати во другите две групи од разигрувањето, Македонија може да оди во битка за пласман од 9 до 16 место, што ќе значи опстанок на ЕП, пласман на младинско ЕП 2028 и битка за место на СП 2027, каде ќе се пласираат ТОП 15 селекции од ова ЕП.
Сите ракометари ја искористија шансата од селекторот Горан Кузманоски, а меѓу стрелците се истакнаа крилата Бобан Поповски со девет и Стефан Ѓоргиески со шест гола, додека средниот бек Стефан Ѓорѓиевски даде исто така шест. На голот одличен беше капитенот Ѓорѓи Николовски, кој беше прогласен за МВП на мечот.
За Македонија утре следува пресметката со Турција од 12:00 часот.
























