Србите пропушија прва меч-топка за четвртфинале, Словенија обезбеди ТОП 8!

Домаќинот на Европското првенство, Србија, ја пропушти првата меч-топка за пласман во четвртфиналето, откако загуби од Франција со пет гола разлика, 27-22.

Сега за Србија останува во последното коло да слави против сигурната Словенија, која сигурно оди во ТОП 8, но и да се надева дека Франција ќе загуби од Германија.

Од групата 2, во четвртфинале оди Исланд, додека од групата 3, сигурна за следната фаза е Данска, додека Шпанија ќе мора да слави во последното коло над Полска за да го потврди пласманот.

Европско првенство, кадети, резултати:

група 1
Словенија – Германија 30:28
Франција – Србија 27:22

табела: Словенија 4, Франција 2, Германија 1, Србија 1

група 2
Хрватска – Исланд 29:37
Португалија – Унгарија 35:45

табела: Исланд 4, Унгарија 2, Хрватска 2, Португалија 0

група 3
Полска – Фарски Острови 35:35
Данска – Шпанија 32:30

табела: Данска 4, Шпанија 2, Фарски Острови 1, Полска 1