Бошњак: 50 минути игравме егал, жал ми е што изгубивме со седум гола!

Екипата на Струга во првото коло од плеј-оф фазата пружи отпор на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш, но немаше доволно сила да направи нешто повеќе.

Струга во најголемиот дел од натпреварот беше рамноправен противник, во вториот дел се врати во игра и израмни, но поради кратката клупа не можеше целосно да ги надигра домаќините и загуби со 32:25.

Најефикасен на натпреварот беше десниот бек на Струга, Мерис Бошњак, кој постигна десет погодоци.

,,Мислам дека одигравме еден добар натпревар, 50 минути игравме егал, жал ми е што на крајот изгубивме со седум гола, крајниот резултат не го отсликува тоа што се случуваше на теренот. Сепак, против озбилна екипа како што е Тиквеш мора да бидеме фокусирани во текот на сите 60 минути. Се надевам на уште подобро издание на следните натпревари, мислам дека сме на добар пат”, изјави Бошњак.

Струга во второто коло од плеј-офот ќе гостува во Охрид кај истоимената екипа.

Стојановиќ дебитираше со победа, Тиквеш одработи рутински против Струга