Борозан: Сакаме титула за Македонија да има вистински претставник во ЛШ

Вардар одигра на ниво, со постојано водство, мотивиран и со со една мисла – победа, и на крај триумфираше со 27-24 (15-11) во македонското дерби против Еурофарм Пелистер пред речиси полната сала во „СЦ „Јане Сандански“.

За Вардар ова се бодови за враќање во врвот на табелата, а Еурофарм Пелистер го доживеа првиот пораз сезонава.

Камбек во „црвено-црниот“ дрес имаше искусниот Вуко Борозан, кој во натпреварот одигра во солидно ниво.

,,Вардар секогаш бил мојот дом – Еднаш вардарец, засекогаш вардарец. Многу сум среќен што сум повторно дел од овој тим, ова е различна екипа, но тука е тренерот, кој ми беше соиграч. Одиме да освоиме титула и Македонија конечно да има вистински претставник во Лигата на шампионите. Можеш да дадеш 10 гола, а да го изгубиш натпреварот, јас повеќе би сакал да е вака. Ова ми беше прв натпревар после четири месеци, задоволен сум и мислам ќе биде се подобро и подобро. Можеме да кажеме дека ова беше дерби, но не сакам да бидам скромен, Вардар има освоено повеќе титули во ЛШ, отколку Еурофарм Пелистер што има добиено натпревари во ЛШ последниве сезони”, изјави Борозан.

Следен предизвик за Вардар ќе биде натпреварот со Бутел Скопје, потоа го очекува настапот во Лигата на Европа, па дуелот на гости кај Прилеп.

Недановски: Оваа победа ќе биде пресвртница за Вардар во сезоната!

 

Срдановиќ: Најважната цел ја остваривме – а таа беше да победиме!