Борозан пцуеше во Фленсбург, тренерот Милошевиќ го седна на клупа по три минути игра (ВИДЕО)

На последниот натпревар во групната фаза од Лигата на Европа, црногорскиот Ловќен загуби кај фаворитот Фленсбург со 42-19.

На крајот беше 23 разлика, а уште на стартот по три минути игра се распадна играта на црногорскиот првак, кога Вуко Борозан ги загуби нервите.

Тренерот Перо Милошевиќ веднаш повика тајм-аут. Не поради водството од 3-0 за доамшните, туку поради реакцијата на првата ѕвезда Вуко Борозан, кој не се врати во одбрана, ги ширеше рацете и пцуеше.

„Зошто ги шириш рацете и пцуеш? Земав тајм-аут за да објасниш, ама батали…“ кажа екс тренерот на Вардар и го седна поранешниот играч на „црвено-црните“ на клупа до крајот.

Сигурно дека и со Борозан на терен и без него, Ловќен ќе доживееше убедлив пораз, но тренерот Милошевиќ му покажа кој е главен.

„Вуко жестоко му приговори на еден од соиграчите, викнав тајм-аут и го прашав зошто, но тоа ќе го решиме. За тоа ќе зборуваме подоцна, знам со кого. Наместо него шанса доби Бакиќ и ја искористи“, кажа Милошевиќ после мечот.

Погледнете…