Со натпреварот меѓу Охрид и Вардар беше комплетирано 6. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Вардарци со победата во Охрид најавија камбек во борбата за титулата, па така трката за шампионското место станува сѐ повозбудлива.
До крајот голма борба ќе има и за четвртото место, кое што носи пласман на европска сцена.
Моментално, лидер во плеј-офот е актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 20 бодови, следуваат Вардар и Алкалоид со по 15, тимот на Охрид има 14, додека Тиквеш, кој засега е петтопласиран, има 13 бодови.
Во долниот дел се екипите на Бутел Скопје, Пролет и Струга, кои до крајот од сезоната ќе се обидат да го поправат бодовното салдо.
Супер лига, плеј-оф, 6. коло, резултати:
ОХРИД – ВАРДАР 25-27 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД 20-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 34-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ 23-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Екипата на Прилеп останува на лидерското место во борбата за опстанок, откако во претходното коло на свој терен славеше против Вардар Неготино.
Победата над Вардар Неготино за Прилеп беше трет домашен триумф, а доколку составот на Мојсов продолжи во ист ритам на наредните дуели, тогаш прилепчани и во наредната сезона ќе гледаат суперлигашки ракомет.
Прилеп на свое конто има 18 бодови, на второто место се наоѓа Еурофарм Пелистер 2 со три бодови помалку, односно 15, потоа следуваат екипите на Куманово, Мулти Есенс, Вардар Неготино…
Супер лига, плеј-аут, 6. коло, резултати:
КУМАНОВО – АЕРОДРОМ 10-0 сл.
ГОЛДЕН АРТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 21-26 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – СКОПЈЕ 32-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО 27-22 (ИЗВЕШТАЈ)