Вицепрвакот едвај до бодови кај Бутел

Вицепрвакот освоивжни бодови во борбата за титулата, откако на гостувањето кај Бутел Скопје триумфираше со 23:20 во натпревар од 6. коло од суперлигашкиот плеј-оф.

Иако домашната екипа парираше во поголемиот дел од натпреварот, во неколку наврати имаше и контрола на резултатот, сепак, црвениот картон на Филип Николов во вториот дел имаше големо влијание за состојбата на теренот.

Според очекувањата, двете екипа играа изедначено со игра гол за гол во првиот дел, во кој имаше многу надигрувања. По предноста на „сино-белите“ од 8:6, составот на Кузманоски направи серија од 4:0 со погодоците на Николов, Субашевски и Стојановски. Бутелци во 20 минута имаа позитива од плус три, 11:8, a голема заслуга за направениот пресврт, освен одличната поставена одбрана, имаше и голманот Блажески, кој во последниот дел од првото полувреме влезе во посакуваниот ритам.

Гостинот од Автокоманда кризниот период од шест минути без реализација го прекина во 23 минута со голот на Серафимов. Вицепрвакот успеа да излезе од малата криза и за неколку минути направи камбек израмнувајќи на 11:11. Во последните пет минути од првото полувреме двете екипи реализираа уште по еднаш, па така по 30 минути игра резултатот беше нерешен, 12:12.

Вториот дел започна со голот на Николов, кој ја врати предноста на домаќините, но гостите бргу изедначија на 13:13. Откако беше 14:14, составот на Лазаров се одлепи на 16:14. Во 43 минута, поради три исклучувања, црвен картон заработи членот на Бутел, Филип Николов. Десниот бек до тој момент беше најдобриот стрелец на мечот со девет погодоци.

Гостите сето тоа го искористија и до крајот на натпреварот имаа предност од два до три гола разлика. Бутелци се обидуваа да се вратат, но во последните пет минути од дуелот гостите веќе ја потврдија победата за конечни 23:20.

Најефикасен кај Бутел беше Филип Николов со девет погодоци, три постигна Дамјан Субашевски. Во екипата од Автокоманда први стрелци со по пет погодоци беа Марко Митев и Мартин Серафимов. Голманот Бојан Блажески натпреварот го заврши со дури 18 интервенции.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961970224
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР870123
3ОХРИД860220
4АЛКАЛОИД850318
5ТИКВЕШ 2014850316
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ81074
8СТРУГА80080