Богат ракометен викенд: Младинците го играат третото коло, стартуваа и пионерите

По младинската, оваа недела започна и пионерската лига во машка конкуренција. 28 екипи поделени во три групи ќе се борат за Ф4 турнирот во мај следната година.

Во групите А и Б има по девет екипи, додека во групата В ќе се натпреваруваат десет екипи. Веќе се одиграа две средби. Во езерското дерби Охрид славеше против Струга со 25-23, а водечки стрелци беа Матео Силјаноски со десет и Илија Трајчески со осум гола. Во составот на Струга, Ангел Кленкоски даде седум погодоци.

Аеродром имаше моќен старт и триумфираше против струмички Астраион со 37-10. По шест пати погодија Матеј Бојаџиски и Андреј Дамчевски, додека кај струмичани се истакна Дамјан Трпеновски со пет гола.

Останатите натпревари во пионерска конкуренција се на програмата во следните три дена низ Македонија.

Пионери, 1 коло, распоред:

Група А
Охрид – Струга 25-23
14/10, 11:00, Асови Вардар – Динг
15/10, 15:30, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
16/10, 13:30, Јуниор КВ – Голден Арт
Вардар слоб.

Група Б
14/10, 11:00, Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино
15/10, 12:00, Скопје – Илинден Вардар
15/10, 15:00, Тиквеш – Алкалоид
15/10, 18:00, Младост Јуниори – Прилеп
Голден Арт Аеродром слоб.

Група В
Аеродром – Астраион
14/10, 16:00, Пролет – Бисинов
15/10, 15:00, Бутел Скопје – Текстилец
15/10, 17:00, КЛ7 Свети Николе – Радовиш
18/10, 19:00, Македонија ЃП – Куманово

Во младинската лига на програмата е третото коло. Шампионот Голден Арт гостува кај Аеродром, додека Бутел Скопје ќе го пречека Прилеп, а интересно ќе биде во Кавадарци, каде Тиквеш ќе се соочи со Младост Богданци.

Младинци, 3 коло, распоред:

14/10, 12:00, Вардар – Овче Поле
15/10, 11:00, Еурофарм Пелистер – Алкалоид
15/10, 12:00, Охрид – Голден Арт
16/10, 18:30, Бутел Скопје – Прилеп
16/10, 18:30, Пролет – Мулти Есенс
16/10, 19:30, Тиквеш – Младост Богданци
Еурофарм Пелистер 2 слоб.