Македонскиот интернационалец Мартин Поповски продолжува со одличните настапи оваа сезона во швајцарскиот шампионат.
Неговиот тим Цирих иако беше пред победа, сепак на крајот мораше да се задоволи со бод против Тун, откако гостите израмнија на 30-30 во последните секунди.
Поповски, кој во Цирих освен на десната крилна, најчесто игра на бековската позиција, имаше седум гола од девет обиди.
Цирих сега има 14 бодови што е доволно за делба на второто место со Криенс Луцерн, додека прв е Кадетен Шафхаузен со 19 бодови.