Блесок на Белистојаноски, двата битолски тима во ТОП 16 од Купот

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 се пласираше во групната фаза од Купот на Македонија со убедлива победа над Драчево.

Избраниците на Александар Зарков триумфираа со 40-22, а младинскиот репрезентативец Ненад Белистојаноски стрелаше 11 пати.

Беше 8-1 на стартот и беше јасно каков тек ќе има овој натпревар. До паузата домашните водеа со 21-12, а вториот дел беше формалност.

Покрај Белистојаноски, во победничкиот тим осум гола даде Христијан Митревски, додека Марко Димовски и Мирче Калајџиески имаа по шест.

Во составот на Драчево, по четири пати погодија Филип Дабески и Петар Ферукоски.

Покрај Еурофарм Пелистер 2, во групите од Купот веќе се наоѓа и шампионот Еурофарм Пелистер, па двата битолски тима ја продолжуваат борбата во ова натпреварување.

Куп на Македонија, елиминации:

Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево 40-22
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 18:00, Бутел Скопје – Металург РА
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ