Бисинов не го дава првото место во прволигашкиот плеј-оф

Со натпреварот меѓу Македонија ЃП и Драчево беше комплетирано 5. коло во прволигашкиот плеј-оф, во кој допрва се разгорува битката.

Амбициозниот тим на Бисинов од Велес, кој претендира следната сезона да игра во Супер лигата, досега има 100% учинок.

Велешани на пет натпревари остварија пет победи и се на добар пат да ја дојдат до посакуваната цел за следната сезона.

Бисинов има 18 бодови, потоа следува Младост Богданци со 15, додека Драчево и Радовиш имаат по 11 бодови на свое конто.

На петтото место е позициониран Металург РА со 10 бодови, а во долниот дел на табелата се наоѓаат Јехона, Македонија ЃП и Шампион, кои се без шанси за прогрес.

Табела: Бисинов 18, Младост Богданци 15, Драчево 11, Радовиш 11, Металург РА 10, Јехона 4, Македонија ЃП 3, Шампион 0

Распоред, 6. коло:
Јехона – Шампион
Радовиш – Драчево
Младост – Бисинов
Металург РА – МакедонијаЃП