Билети за Мундијалот во Германија: Гледајте ги дуелите на Македонија за 19 евра!

Македонија ќе има голем предизвик да обезбеди место во главната рунда на Мундијалот во Германија, откако се падна во неатрактивна, ем незгодна група.

Нашите момци ќе треба да се соочат со Јапонија, азискиот првак Бахреин и „рибарите“ од Исланд во групата Х од Мундијалот што ќе се игра во „ГЕТЕК Арена“ во Магдебург.

Билетите веќе одамна се во продажба, цените почнуваат од 7 евра за дневни билети за стоење од категорија 7, потоа во зависност од местото на седење во салата, дневните билети се продаваат за 19, 29, 39, 49, 59 и 69 евра.

Дневните билети ги вклучуваат двата меча од групата Х. Македонија на 15 јануари ќе се соочи со Јапонија, на 17 јануари игра со Бахреин, а на крајот од групната фаза ривал ќе и биде Исланд.

Билети може да се купуваат онлајн ТУКА, а нова тура билети ќе бидат пуштени во продажба во септември и во декември.

Македонија доби тешка група на СП!