„Беше вистинско доживување да се игра во Битола, бевме мирни кога најмногу требаше“

Хрватскиот првак Загреб славеше на гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер со 23-22 и остана во трка по осминафинале во Лигата на шампионите.

Тренерот Андрија Николиќ вели дека неговите момци победија заслужено и го покаќале нивниот квалитет.

„Знаевме дека Еурофарм Пелистер е добра екипа и знаевме дека ќе биде тешко, се виде дека бевме во право. Го покажавме нашиот квалитет. Можеби беше можно да постигнеме повеќе голови во првиот гол, но така се поклопи и би сакал да им честитам на моите играчи за победата“, вели Николиќ.

Средниот бек Карпо Сиротиќ ја пофали атмосферата и уживал во вистинско балканско дерби.

„Ова беше вистинско балканско дерби. Знаевме што не чека во Битола што се однесува и до ривалот и до атмосферата. Беше вистинско доживување. Можеби можевме порано да го решиме победникот, не го капитализиравме Мандиќ порано и не дозволиме да се врати Еурофарм Пелистер во финишот. Не е лесно да се игра пред ваква публика во Битола, која направи феноменална атмосфера и нас ни овозмможи да играме во таква атмосфера. Ние бевме мирни и сталожени кога најмногу требаше“, вели Сиротиќ.

Загреб сега е шести на табелата и останува да се бори со останатите екипи за место во осминафиналето.

Пелистер пак загуби со само еден гол – Загреб се радуваше во Битола

Ангеловски: Натпреварот го загубивме поради две клучни работи

Кузмановски: Криво ми е што не ја израдувавме публиката со победа