ПРИЛЕП 2026: Еурофарм Пелистер 2 ќе игра за бронза на турнирот „Миле Нешкоски“

|
23:31
Share on Facebook

Денеска се комплетираше групната фаза на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп и познати се двојките за пласман.

Еурофарм Пелистер 2 славеше против Бутел Скопје со 37-30, откако и на паузата водеше со 22-17.

Кристијан Симоноски со седум и Давид Димевски со шест беа предводници на составот на Бранко Ангеловски кон триумфот што ќе значи битка за трето место на турнирот.

Во вториот натпревар, „витамините“ од Автокоманда го победија новиот суперлигаш Младост Богданци со 30-29 и ќе се борат против битолчани во дуелот со трето место.

Утре од 16:00 часот во битката за петто место ќе играат Бутел Скопје и Младост Богданци, од 18:00 часот е дуелот за бронза меѓу „витамините“ од Автокоманда и Еурофарм Пелистер 2, додека од 20:00 часот е финалето меѓу Тиквеш и домаќинот Прилеп.

Share on Facebook

Вардар Неготино ја наполни мрежата на Партизан Гевгелија

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
10:45
Share on Facebook

Ракометарите на Вардар Неготино ја запишаа чевртата победа во прволигашката конкуренција, откако на домашен терен славеа над Партизан Гевгелија со 48-24.

Победникот на оваа средба беше познат уште по првиот дел кога избраниците на Аце Станковски водеа со 25-11.

Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и без проблеми предноста на домашните беше дуплирана.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Наќе Ѓорѓев и Костадин Петров со по девет гола, а Мартин Димов даде осум.

Во составот на Партизан Гевгелија се истакнаа Горан Лисичков со шест и Стојан Наумовски со пет реализации.

Вардар Неготино е втор на табелата со девет бод, еден помалку од првопласираниот Драчево Јуниор кој има десет бодови.

Share on Facebook

Овче Поле СУ и натаму на максимум, даде 51 гол во Гостивар

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
19:14
Share on Facebook

Овче Поле СУ продолжува со одличните настапи во Првата лига, откако во натпревар од 5 коло славеше убедлива победа на гостувањето кај Јехона во Гостивар со 51-14.

Гостинките уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и покажаа дека се големи фаворитки против младиот состав на Јехона.

Овче Поле СУ поведе со 16-1 за 17 минути игра, а до крајот на натпреварот постигна уште 35 погодоци за убедлив триумф.

Најефикасни во победничкиот состав беа Анастасија Сентовска и Јована Ангеловска, кои постигнаа по десет гола. Во редовите на Јехона, Алтина Хасани се истакна со седум погодоци.

Со оваа победа, Овче Поле СУ останува на врвот на табелата со максимални десет бода по пет одиграни кола.

Share on Facebook

🔴ВО ЖИВО🔴 Пелистер – Чаир, Јехона – Пролет

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
13:57
Share on Facebook

Share on Facebook

Ѓорче Петров во последната секунда остана без победа над Бор!

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
20:21
Share on Facebook

Ракометарките на Ѓорче Петров одиграа нерешено со српскиот тим Бор, 31-31, иако имаа водство во финишот со 30-28 и 31-30 на триесетина секунди до крајот, кога пропуштија прилика да стават точка на мечот.

Се играше гол за гол до 8-8, пред Бор да започне да создава предност. Најпрво одржуваа водство гостинките од три до четири гола, а пред паузата отидоа и на плус пет, 18-13.

Во вториот дел Ѓорче Петров цело време бркаше негатива, а за камбекот се чекаше дваесетина минути. При водство на Бор со 27-25, Ризоска и Исиќ го предводеа пресвртот на теренот и се чинеше дека „лавиците“ го имаат мечот во свои раце.

Бор се врати во егал, 28-28, но македонскиот шампион преку Губериниќ и Исиќ стигна до плус два, 30-28. Пропуштија избраничките на Славиша Димитријески шанса за плус три, па беа сурово казнети и Бор пак беше во егал.

Исиќ погоди за 31-30, гостинките погрешија и тргна контра на Ѓорче Петров, која беше неуспешна, па Бор доби шанса за да освои бод. Го бранеа домаќинките нападот на Бор, но во последната секунда Митровиќ погоди од десет метри за реми, 31-31.

Најдобри стрелци во составот на Ѓорче Петров беа Исиќ со 11 и Ризоска со девет гола, а Губериниќ додаде седум. Во тимот на Бор се истакна Недељковиќ со десет погодоци, а по пет пати стрелаа Гаровиќ и Митровиќ.

На табелата води Бор со 7 бода, пред Наиса Ниш со шест и Ѓорче Петров со пет погодоци.

Share on Facebook

Сигурдсон смета на вардарецот Љевар за квалификациите за ЕП 2028

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
12:21
Share on Facebook

Селекторот на машката репрезентација на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави списокот на ракометари пред стартот на квалификациите за ЕП 2028.

Тој смета на 19 ракометари за двете средби со Литванија и Финска, а меѓу нив се наоѓа и еден од македонското првенство.

Станува збор за левиот бек на Вардар, Леон Љевар, кој ова лето го засили македонскиот првак.

Покрај Љевар, на списокот се проверени имиња како Циндриќ, Срна, Лучин, Мартиновиќ, Кузмановиќ…а недостига само Лука Ловре Кларица од Келце кој е повреден.

Хрватска ги стартува квалификациите за ЕП 2028 на 4 ноември во Сплит против Литванија, додека на 8 ноември е пресметката на гости кај Финска.

Во квалификациската група е уште Холандија, против која Хрватите ќе играат двомеч во март догодина.

Share on Facebook