Кузмановски: Криво ми е што не ја израдувавме публиката со победа

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер загуби повторно во Лигата на шампионите, иако парираше до крајот против Загреб.

Најновото засилување Филип Кузмановски жали што тој и соиграчи не можеа да ја израдуваат публиката.

„Сакам да се заблагодарам на нашата публика која дојде во голем број. Многу ми е криво што не им вративме со добар резултат и со победа во ЛШ. Можам да потврдам дека оваа екипа напредува, криво ми е што не дојдов уште на почетокот за да растеме заедно. Имаме простор за напредок, треба да останеме заедно сплотени. Потрошивме многу време за анализа за Загреб, кој оваа сезона игра одлично. Имавме шанси на овој натпревар, но на крај решаваа некои детали, не испочитувавме тоа што бевме договорени. Ни треба време за да бидеме подобри. Ни останува да работиме уште повеќе“, вели Кузмановски.

За битолчани остануваат уште мечот со Шампион во Купот на Македонија и средбата со Прилеп во Супер лигата.

Пелистер пак загуби со само еден гол – Загреб се радуваше во Битола

Ангеловски: Натпреварот го загубивме поради две клучни работи

„Беше вистинско доживување да се игра во Битола, бевме мирни кога најмногу требаше“