Eурофарм Пелистер пак загуби со само еден гол – Загреб се радуваше во Битола

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер повторно одигра меч во кој иако губеше, се врати во игра, израмни, ама на крајот остана без бодови и на средбата со Загреб во 10 коло од група А од ЕХФ лигата на шампионите. Хрватскиот тим триумфираше со 23-22 (13-10) со што се искачи на 6 место на табелата, но сега има само еден бод помалку од ПСЖ и ПИК Сегед. Битолчани останаа на последното место без освоен бод.

Средбата ја одбележаа голманите кои имаа вкупно 33 одбрани, а предничеше гостинскиот голман Мандиќ кој имаше 17 одбрани. Калифа Гедбан одбрани вкупно 14 топки. Лошата реализација во првото полуврем беше клучната, иако зелените се вратија во игра

о првото полувреме гостинскиот голман Матеј Мандиќ имаше 12 успешни одбрани заедно со еден пенал, а домашниот тим постигна само 10 гола. Тоа покажува колку Загреб ги искористи своите шанси, а колку Еурофарм Пелистер имаше нереализрани напади. Токму таа доминација на голманите беше причината за негативниот резултат по првите 30 минути, каде Еурофарм Пелистер имаше и негатива од „минус 5“ (3-8, 5-10 и 6-11). Но, и покрај тоа што во 22 минута гостите водеа со 11-6 се вратија во игра и дојдоа до 9-11 во 26 минута.

И пак Загреб направи серија од 2-0 со која зголеми на 13-9. Пешевски погоди за 10-13, резултат кој им даваше шанси на домаќините дека можат да бидат во игра за бодови.

Битолчани имако имаа негатива, имаа мотив и желба, и упорност. И тоа им донесе резултат, бидејќи иако губеа со 10-15, намлија на само еден гол во 43 минута (16-7), а потоа продолжија. Во 49 минута Жарко Пешевски успеа да израмни на 18-18, што беше само второ израмнување на средбата. Тогаш како одново да почна натпреварот.

Гостите и во вториот дел го имаа расположениот голмна Мандиќ, но пред се искуството на играчите им донесе пак предност. Во завршницата Еурофарм Пелистер се надеваше барем на бод, но првми гол во последните секунди, за нов пораз од само еден гол.

Кај домаќините Филип Кузмановски дае 8 гола, а Павле Петровиќ четири. Во тимот на гостите Лука Кларица дае 5, а Кавчиќ еден помалку.

Во пролетниот дел од сезоната во 11 коло Загреб гостува кај Алборг, додека Еурофарм Пелистер е домаќин на ПСЖ.