Ангеловски: Натпреварот го загубивме поради две клучни работи

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер повторно одигра меч во кој иако губеше, се врати во игра, израмни, ама на крајот остана без бодови и на средбата со Загреб во 10 коло од група А од Лигата на шампионите.

Хрватскиот тим триумфираше со 23-22 (13-10) со што се искачи на 6 место на табелата, но сега има само еден бод помалку од ПСЖ и ПИК Сегед. Битолчани останаа на последното место без освоен бод.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бранко Ангеловски, по натпреварот истакна дека неговиот тим загубил поради две клучни работи, реалзиацијата во првиот дел и одбраната во вториот дел.

,,Најнапред сакам да им се заблагодарам на навивачите, им благодарам од срце, искрено ми е жал што не победивме, имавме неколку шанси, работевме добро во претходниот период, но мечот го изгубивме со две клучни работи, прво реалзиацијата во првото полувреме и во вторто полувреме враќањето во одбраната ни беше очајно, знаевме дека на оваа страна Дибиров ќе оди на брз центар и ќе напаѓа од десно. Тоа беше клучот да не можеме да напаѓаме за нерешено или за водство. На секој даден гол, примавме брзо гол, иако бевме само со една измена, тоа е мојата замерка. Вториот тајм-аут на мечот го зедов за одбрана, но пак примивме два гола. Со одбраната 5-1 добивме некоја агресивност, ама на крајот одлучија тие два гола“, изјави Ангеловски.

Еурофарм Пелистер на 11 декември го игра мечот со Прилеп во рамки од последното коло од регуларниот дел од Супер лигата, додека на настапите во Лигата на шампионите ќе се врати следната година, односно кон средината на месец февруари.

Пелистер пак загуби со само еден гол – Загреб се радуваше во Битола

Кузмановски: Криво ми е што не ја израдувавме публиката со победа

„Беше вистинско доживување да се игра во Битола, бевме мирни кога најмногу требаше“