Бенфика на Талески со „три од три“, Мелсунген според планот, важен триумф за Војводина

Екипата на Бенфика, во која настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, на гостувањето во Словачка кај Татран Прешов триумфираше со убедливи 24-16.

За португалскиот тим ова беше трета победа, тимот на Талески сега има шест бода на табелата, во првото коло славеше над Кадетен, додека во второто коло беше подобар од Лимож.

Талески на овој натпревар имаше еден погодок, а Демис Григорас беше најрасположен во победничката екипа со седум погодоци.

Амбициозниот тим на Војводина, која во претходните две кола освои два бода, оние од дуелот со Нексе, оствари важна победа на свој терен, триумфираше против Торелавега со 31-30. Со овие бодови тимот од Нови Сад е на чекор до место во главната рунда.

Како што е познато, македонскиот вицепрвак Вардар загуби од Порто со 26-22. Во оваа група Мелсунген одигра според планот и запиша трета победа, откако славеше против Валур со 35-21.

Лига на Европа, 3. коло, резултати:

КОНСТАНЦА – БИДАСОА 35-30
ФЛЕНСБУРГ – ТАТАБАЊА 44-27
ГОГ – АДЕМАР 36-23
ГОРЕЊЕ – ЛУЦЕРН 27-33
ГРАНОЉЕРС – СИЛКЕБОРГ 36-27
ГУМЕРЗБАХ – ТУЛУЗ 33-26
КАРВИНА – СЕСВЕТЕ 33-29
ИШТАД – ГЛОГОВ 36-30
ФХ – САВЕХОФ 34-30
ЛИМОЖ – КАДЕТЕН 27-31
НЕКСЕ – КИЛ 26-35
МЕЛСУНГЕН – ВАЛУР 35-21

ПРЕШОВ – БЕНФИКА 16-24
ВАРДАР – ПОРТО 22-26
ВОЈВОДИНА – ТОРЕЛАВЕГА 31-30
ЗАБЖЕ – МОНПЕЛЈЕ 23-27