Покрај дуелот на Вардар, од вечерашната програма во Лигата на Европа внимание привлече и двобојот на Бенфика против Кристијанштад.
Иако домашниот тим водеше во повеќе наврати со плус четири останати со празни раце. Бенфика во вториот дел стигна и до предност гола, 24-20, но Кристијанштад не се откажа и стигна до реми, 25-25.
Последен пат беше нерешено, 31-31, но повеќе концентрација и сила имаше Бенфика во последните неколку минути и заслужено ги освои бодовите на тешкиот терен.
На табелата сега Мелсунген е прв со шест бода, Вардар и Бенфика ја делат втората позиција на табелата со по четири, додека последен е Кристијанштад со два бода.
На другите средби немаше поголеми иззненадувања, освен можеби поразот дома на Нексе, како и триумфот на Порто на гости во Шпанија.
Лига на Европа, главна рунда, 2 коло, резултати:
група 1
Фленсбург – Монпелје 40-35
Бидасоа Ирун – Кил 32-37
група 2
Гранољерс – Порто 27-29
Архус – Елверум 32-25
група 3
Вардар – Мелсунген 37-33
Кристијанштад – Бенфика 34-38
група 4
Нексе – Фредериција 33-34
Кадетен Шафхаузен – Хановер 24-36

























