„Бековската тројка против Унгарија ми заличе на Мојсовски, Миркуловски и Лазаров!“

Машката репрезентација на Македонија успеа да одигра реми во драматичниот натпревар против фаворитот Унгарија, 27-27, на стартот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Селекторот Кирил Лазаров беше задоволен од изданието на ракометарите, но знае дека многу се потрошија. Тој откри дека во еден момент бековската тројка на денешната средба му заличела на триото кое беше меѓу лидерите во минатото – Мојсовски, Миркуловски и Лазаров.

„Одигравме над нашите можности и мислам дека извадовме максимум од моите играчи. Игравме со една одлична екипа, тактички многу спремна. Ќе бидеме скромни, малку фалеше за да дојдеме до победа. Ни следува Холандија, се надевам дека ќе го повториме овој пристап и ќе се радуваме. Свесен сум што не чека, но и свесен сум колку се потрошивме. Оваа сплотеност е добар знак, но треба да се одмориме добро и да одиме чекор по чекор. Ниедна победа, ниеден пораз не може да не оттргне од тоа како посакуваме да играме. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи и на цела Македонија. Покажавме како се игра за својата земја. Ако се бориме во иднина како денес, резултатите сами ќе дојдат. Во еден момент бековската тројка на овој меч ми заличе на Мојсовски, Миркуловски и Лазаров, заедно со Стоилов на линијата кои со овие корпулентни момци од Унгарија знаеја што сакаат. Се надевам дека ќе останеме цврство на земја за да не случи нешто што секогаш ни се случува како Македонци“, изјави селекторот.

Следен предизвик за Македонија ќе биде средбата со Холандија на 17 јануари, додека на 19 јануари е последната средба од група со Гвинеја.

Храбрата Македонија до голем бод против моќната Унгарија

 

Лазаревски: Oвој меч му го посветуваме на Јовиќ – игравме за него!

 

Јагуриновски: Имавме една замисла за последниот напад

 

Кузмановски: Покажавме како треба да се игра за Македонија

 

Костески: Тежок и исцрпувачки меч – малку фалеше да победиме!

 

Храбрата Македонија до голем бод против моќната Унгарија