Барса со нов Куп трофеј во колекцијата

Каталонскиот гигант Барселона го освои трофејот во Купот на Шпанија, откако славеше две победи во два дена.

Во финалето, избраниците на Ортега го победија составот на Торелавега со 37-34, а победата ја најавија по првиот дел кога беше 19-14.

Претходно во полуфиналето, Барса ја елиминира Бидасоа со поубедлива победа, 35-27, но се мачеше во текот на првото полувреме кога беше само плус еден, 18-17.

Ова е уште еден трофеј во богатата колекција на каталонскиот гигант, која сосема извесно сезонава ќе биде збогатена за Асобал лигата, а сите очекуваат и за титула во Лигата на шампионите.