Барса настрада од Монпелје и го „избра“ ПСЖ

Каталонскиот гигант Барселона загуби дома од Монпелје со 37-34 и падна на второто место во групата Б од Лигата на шампионите. Магдебург сега е на врвот со 24 бода, додека Барса остана на 22 бода и од второто место ќе оди во четвртфиналето.

Ниту една од екипите не водеше со повеќе од два гола се до последните десетина минути, кога екс членот на Барса, Јанис Лене, погоди за 33-29. Голови постигнуваше и најдобриот стрелец на Монпелје, Монте, па францускиот тим во финишот рутински ја сочува предноста.

Голманите на домашниот тим Нилсен и Де Варгас немаа своја вечер, а не се прославија ниту останатите освен Мем со девет и Гомез со осум гола.

Кај Монпелје, покрај Монте со 11 голови, се истакна Лене со седум гола, а францускиот тим со 14 бодови заврши на четвртото место на табелата.

Во елиминациите Монпелје ќе се соочи со хрватскиот Загреб, додека Барса во четвртфиналето ќе го чека победникот од двомечот меѓу Висла и ПСЖ. Доколку славеше против Монпелје, каталонскиот гигант ќе играше против победникот од дуелот на Келце и ГОГ Гудме.